Собранието на Република Македонија денеска ја избра новата, преодна Влада која во наредниот период треба да организира фер и демократски избори.

Новата, преодна Влада на Република Македонија е во состав:

м-р Талат Џафери, претседател на Владата на Република Македонија,

Славјанка Петровска, министерка која ќе раководи со Министерството за одбрана,

Панче Тошковски, министер кој ќе раководи со Министерството за внатрешни работи,

Кренар Лога, министер кој ќе раководи со Министерството за правда,

Артан Груби, министер кој ќе раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците,

Бујар Османи, министер кој ќе раководи со Министерството за надворешни работи,

Фатмир Бесими, министер кој ќе раководи со Министерството за финансии,

Крешник Бектеши, министер кој ќе раководи со Министерството за економија,

Љупчо Николовски, министер кој ќе раководи со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,

Фатмир Меџити, министер кој ќе раководи со Министерството за здравство,

Јетон Шаќири, министер кој ќе раководи со Министерството за образование и наука,

Ѓоко Велковски, министер кој ќе раководи со Министерството за труд и социјална политика,

Ристо Пенов, министер кој ќе раководи со Министерството за локална самоуправа,

Бисера Костадиновска – Стојчевска, министерка која ќе раководи со Министерството за култура,

Азир Алиу, министер кој ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација,

Благој Бочварски, министер кој ќе раководи со Министерството за транспорт и врски,

Каја Шукова, министерка која ќе раководи со Министерството за животна средина и просторно планирање,

Бојан Маричиќ, министер без ресор задолжен за европски прашања,

Фатмир Битиќи,
министер без ресор задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, и

Славица Грковска, министерка без ресор задолжена за политики за добро владеење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.