Тука има, сигурно, нешто друго во позадина што ние не го знаеме и гледаме, рече Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнл“ во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ, посветена на предложените измени на девет законски решенија што се поврзани со автопатите од коридорите 8 и 10Д, чија изградба е доверена на американско-турскиот конзорциум „Бехтел&Енка“.

„За работењето на „Бехтел“, како компанија во Америка, има напишано и книги. Ја има насекаде. Постои поместување на границата меѓу деловното и работењето на дипломатијата, каде што високи дипломатски претставници се вклучени во преговарањата или договарањата на тие зделки и веќе се губи јасната линија меѓу дипломатија и бизнис и дипломатски претставници потоа преминуваат да работат директно за „Бехтел“, вели Тасева.

Таа нагласува дека Македонија, како држава, има потреба од стратешка поддршка од САД и затоа рече „ние треба да знаеме во што е суштината на еден ваков договор“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.