Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“, тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од потпреседателката Гордана Кочоска Димитриеска ги посети населените места, Тумчевиште, Галате, Зубовце,Вруток и Беловиште . Таа потенцираше дека на средбите со граѓаните луѓето коментираат дека имаме крано неспособна и неодговорна власт.

Власта нема воопшто никаква грижа кон граѓаните. Секаде се исти проблемите. Граѓаните велат дека наместо корупција и криминал, нам ни требаат патишта, наместо да има инвестиции во водовод и канализација, власта троши милионски износи како казнени пенали за коридор 8. Власта со парите кои ги потроши за тие казнени пенали, кои се повеќе од 230 милиони евра можеше да изгради голем број на училишта, да изгради улици, да направи болници, да купи одпрема за здравствените домови кои навистина немаат никаква апаратура за работа – истакна Кочоска Димитриеска и додаде “државата е во хаос, а власта се интересира само за своите џебови.

Таа посочи дека токму поради хаосот кој го донесе власта ВМРО-ДПМНЕ е натерен со граѓаните со цел заедно да ги обедини силите со граѓаните и да се случат промени.

Затоа што силата е во народот. Заеднички народот извојувал многу битки, ќе ја извојува и оваа битка, заедно сите за Македонија- потенцираше Кочоска Димитриеска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.