ВМРО-ДПМНЕ води во секоја изборна единица а најубедливо во третата каде предвидувањата се дека ќе освои двојно повеќе пратеници од СДСМ. Ова е заклучокот од анкетата на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС), презентиранa во емисијата „Објектив“ на МРТ1.

ВМРО-ДПМНЕ во тројката би освоиле 12 до 13 мандати, СДСМ би имал двојно помалку односно само 5 до 6 пратеници, а Левица и движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски би имале по еден пратенички мандат.

Ова би значело дека ВМРО-ДПМНЕ би имале апсолутна победа во ИЕ3 и би освоиле повеќе од половина од 20-те мандати кои ги дава оваа изборна единица, а останатите би ги делеле другите партии.

Ова значи дека во „тројката“  ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи најголемата разлика.

Сигурна предност опозициската партија има и во другите изборни единици.Тоа ќе доведе до вкупен број на пратеници помеѓу 52-54.СДСМ во најдобра варијанта би се движел од 26 до 30 мандати.

Кај партиите на Албанците ДУИ има предност од само неколку пратеници пред албанската опозиција, додека ЗНАМ на Максим Димитриевски и Левица заедно би освоиле околу 10 пратеници.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.