На ден 10-10-2024 година се додели сертификатот за акредитација на директорот д-р Игор Џиковски на ЈЗУ Универзитетска клиника за торакална и васкуларна хирургија, при што оваа здравствена установа се стекна со статус на акредитирана здравствена установа со време траење од пет години.

Д-р Џиковски во изјава за “Република“ вели дека оваа акредитација е заслуга на целата Клиника.

Нашата Клиника е единствна јавна здравтвена установа со ваков сертификат. Неа ја доделува Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи-објаснува д-р Џиковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.