Во „Тема на денот“ во дневникот на Сител ТВ гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски кој што истакна дека на ВМРО-ДПМНЕ нуди решенија и опции за заштита на националниот интерес и интеграција во ЕУ но СДСМ одбива.

„Ние ги поздравуваме чекорите во Бундестагот за други немаме информација, сметаме дека тоа е еден чекор во вистинска насока меѓутоа не е доволен. Бундестагот не беше проблемот кој предизвика вето на Македонија тоа беше Бугарија. И дури не се добие доволно уверување дека на понатамошниот пат кон ЕУ нема да бидеме соочени со нови уцени пречки на не принципиелна основа како што Бугарија покажа дека може да направи ние не сме спремни да одиме понатаму со уставните измени“, нагласи Клековски.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Клековски додаде и дека ВМРО-ДПМНЕ нуди опции  и решенија со цел заштита на националните интереси но СДСМ одбива.

„Мислам дека во овој момент многу тешко дека ќе дојдеме до план за решение за европските интеграции без избори. Бидејќи е јасно дека понудената опција, ние имавме една понудена опција да сега веднаш се формира нова влада и таа нова влада донесе уставни измени со одложено дејство, понудивме една опција очигледно тоа не е прифатливо како што не беа прифатливи и претходните предлози на ВМРО-ДПМНЕ. Така да ми се чини дека во овој момент станува извесно дека решение без избори е скоро невозможно без разлика што ќе се случува“, истакна Клековски.

Клековски додаде дека се поставува прашање дали воопшто СДСМ и ДУИ водат сметка за државата и државните интереси или поважни им се  теснопартиските интереси.

„Основата на разликите во позициите е дека СДСМ и ДУИ се во европски фронт за Македонија дека тие водат сметка за државните интереси, а дека ВМРО-ДПМНЕ е антизападно под влијание, дека не е за ЕУ. Стварно е жално сериозна партија да убедува пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во корист на ЕУ интеграциите кога ние сме убедени во користа на европските интеграции. И тоа сакаме да го демонстрираме. Ова не е прв пат да понудиме решение. Го понудивме со хрватскиот модел, сега имаме два нови предлози и тие се одбиени. Тогаш е прашањето дали тезата дека ДУИ и СДСМ водат сметка за државните интереси и ги ставаат над своите тесно партиски интереси. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека му е поважна државата нуди решение и тоа не е прифатливо“, истакна Клековски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.