Ние не сме во нормални услови, ниту власта користи легитимни методи. Собранието се повеќе се маргинализира и без активниот бојкот на ВМРО-ДПМНЕ, власта сама бојкотира, има еден куп закони кои власта не сака да ги донесе, се повлекоа повеќе закони заради незаинтересираност на владата да ги решава проблемите, изјави во „Што не е јасно“ на Алфа, Сашо Клековски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Клековски посочи дека власта се спрема за избори и тоа се гледа по тоа што почна притисокот врз медиумите, се вадат од нафталин мерки како што е финансирање на медиумите, што баш тие бараа да се забрани и додаде дека власта со опструкции на општините се надеваше дека ќе имаат полза, но работите ни така не одат во корист на СДСМ.
Тие се надеваа дека со опструкции на локалната самоуправа не се носи законот за задолжување од 65 милиони за финансирање на локални и регионални патишта, тој почна кога СДСМ имаше локална власт и сега ја нема, па нема интерес да се гради. Целата црна кампања, кратење на буџети, незголемување на дотациите за плати, незголемување на буџетот за енергија, се е со надеж дека ќе се доведе опозицијата во подредена состојба. Но тоа не се случува, истакна Клековски.
Тој посочи дека реконструкција на СДСМ не им даде резултати и дека мора да почнат да размислуваат здраворазумно дека време е за избори.
Нема подобрување на состојбите, граѓаните се разочарани после 100 дена од новата влада, расте песимизмот во земјата, се намалува бројот кој има доверба, повеќе луѓе сега отколку пред локалните сметаат дека се движиме во погрешна насока. СДСМ мора да се охрабри да сфати дека нема да биде подобро и да излезе на избори, рече Клековски.
Во врска со активната блокада на Собрание, Клековски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ги блокира законите кои не се од корист за граѓаните.
Прашањето дали ќе се оди на целосна блокада или ќе се блокираат закони кои не во корист за граѓаните како тој дали да има втор оператор за обложување и коцкање за кој не гледаме како е во интерес на граѓаните. Мора да се бара баланс во чекорите затоа што е криза, има политичка економска, а и пандемијата, има и десетици примери дека здравството е во слободен пад и прашањето е како да се постапува во критични моменти, изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.