Владата на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за одбрана, за потребата од изградба на нов Технички ремонтен центар, за потребите на Армијата на Република Македонија.

Владата го задолжи Министерство за одбрана да спроведе постапка за изградба на нов Технички ремонтен центар согласно соодветната законска регулатива, со доделување градежно изградено земјиште во КО Ѓорче Петров 4 – Влае, со вкупна површина од 35.701 м2.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.