Хаосот со промената на личните и патните исправи е резултат на неодговорноста и неспособноста на власта на ДУИ и СДС. Наместо Европа на граѓаните им сервираа државен притвор поради тоа што не организираа процес на промена на исправите, ненавремено и неорганизирано го спроведуваа процесот, не набавиле доволно обрасци и уште десетици други поголеми или помали пропусти, oбвини ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи.Слична пријава веќе поднесе и Максим Димитриевски од ЗНАМ.
СДС и ДУИ треба да понесат целосна одговорност за ова фијаско. Во исто време Оливер Спасовски треба кривично да одговара за кршењето на човековите права на државјаните пропишани и со Устав, но и за материјалната и нематеријалната штета која е предизвикана врз граѓаните.
Излезот од овој ќорсокак во кој не доведоа ДУИ и СДС е да се промени законот за патни исправи на истиот начин на кој се направи тоа со законот за безбедност во сообраќајот. Талат Џафери нека не се прави Ајнштајн за право и нека не им попува на правниците, затоа што тој не е правник, туку дезертер, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.