Централниот одбор на Нова социјалдемократска партија – НСДП го разгледа Извештајот за претседателските и парламентарните избори 2024 година поднесен од Централниот изборен штаб на партијата на 10 седница која вчера се оддржа во хотел Хилтон во Скопје.
Извештајот по плодна и сеопфатна дебата за изборните резултати беше едногласно усвоен.
По завршувањето на овие избори НСДП останува парламентарна партија со два пратеници во актуелниот собраниски состав.
Централниот одбор на НСДП донесе заклучок во следниот период пратениците да делуваат опозициски, а за начинот и формата на опозициското делување ќе одлучува на седницата во месец септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.