Денеска во Дирекцијата за заштита и спасување ДЗС, беше извршено примопредавање на должноста зам. Директор на Дирекцијата за заштита и спасување, каде ново именуваниот м-р Кашмир Салиу и официјално ја презема функцијата зам. Директор на ДЗС, откако беше именуван на седница на влада одржана на 03.09.2024.
м-р Кашмир Салиу е дипломиран правник, има магистрирано на тема: “Превенција и заштита од природни катастрофи во Република Македонија” во Белград, Србија.
Периодот од 2014-2024 бил државен службеник во генералниот секретаријат при владата на Република Македонија, а
во периодот од 2013-2017 и 2017-2021 во два мандати беше избран за член на советот на општина Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.