Професорката Тања Каракамишева вели дека науката и уметностите се универзални категории, и тие немаат етничко, туку вредносно значење!
-Тие не се мерат и не се споредуваат на светската скала според етничките параметри, дали некој научник или уметник е припадник на една или на друга етничка група, туку според тоа дали сознанијата или уметничките дела имаат научна и вредносна тежина согласно светски утврдените параметри. Науката и научните сознанија немаат вредност според тоа дали некој научник е Турчин, Ром, Албанец или Германец, дали тој како етнички припадник на етничка група ги утврдил и елаборирал своите научни сознанија. Не, научните сознанија се ценат и вреднуваат според научната тежина на сознанијата на светско ниво, пишува професорката на Фејсбук.
Каракамишева посочува дека се мери умот на научникот, не етничката припадност!
-Се мери колку научните сознанија се научно поткрепени и издржани! Науката не смее да биде етнифицирана, таа не е, ниту некогаш била етничка категорија. На науката најмалку што и треба е да биде злоупотребувана во етнички контекст. Тоа е сквернавење, нагласува Каракамишева.
Додава дека секаде во светот Академиите за наука и уметности се национални установи поврзани со нацијата, со државата, а не со етникумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.