Професорката Тања Каракамишева излезе со предлог текст за нова Преамбула за уставните измени кој треба да ја штити самобитноста на македонскиот народ и продолжување на континуитетот од Крушевската република, АСНОМ и 8-септември 1991 година.
Ние, припадниците на Македонската нација, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на својата татковина, свесни и благодарни на своите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање самостојна и суверена држава Македонија и одговорна пред идните генерации за зачувување и развој на сé што е вредно од богатото културно наследство и соживот во Македонија, еднаква во своите права и обврски кон заедничкото добро – Република Македонија – во согласност со традицијата на Крушевската Република и одлуките на АСНОМ и на Референдумот од 8 септември 1991 година, одлучивме да ја конституираме Република Македонија како самостојна, суверена држава, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се гарантираат човековите права и граѓанските слободи, да се обезбеди мир и соживот, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој Устав…. се наведува во нејзиниот предлог.
Таа објаснува дека Преамбулата во Уставот на Македонија не е составен дел на Уставот на Македонија, бидејќи Преамбулата се наоѓа над насловот Устав на Македонија, ова значи дека нејзината измена не е во согласност со член 129 од Уставот каде што стои дека Уставот на Македонија се изменува и дополнува со уставни амандмани.Со оглед дека Преамбулата не е составен дел на Уставот, таа не може да се изменува и дополнува со уставни амандмани, туку само во постапка на донесување нов Устав.Оттука, мојот предлог-текст на новата Преамбула на Уставот на Македонија би можел да се примени само ако се отвори постапка за донесување нов Устав во кој би требало да се исправат сите досегашни грешки и фалинки во Уставот, а работата на сегашната комисија за измена на Преамбулата ја сметам за беспредметна, бидејќи Преамбулата не може да се промени со амандман од веќе споменатата причина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.