Не се откажувам од политичките амбиции. Во 2024 година ќе се кандидирам за претседател на државата. На луѓето им се смачи од криминалци во политиката и ќе им дадам шанса да изберат чесен човек, вели Петар Георгиевски-Камиказа, музичар, „заштитно“ лице на групата „Меморија“ во интервјуто за „СлободнаТВ“.
На локалите избори за градоначалник на Скопје ме поддржа само една помала политичка партија, истрчав без буџет, ме имаше само на три билборди, медиумите ме игнорираа, изборната битка меѓу големите етаблирани партиски сили беше нерамноправна и во такви услови освоив над 25.000 гласа. Тоа ми дава сила да не се откажувам од политиката, вели Георгиевски.
Зборувајќи за актуелната ситуација со блокадата на Скопје и политичките конфликти во градскиот совет Георгиевски вели дека не чувствува грижа на совест поради однесувањето на актуелната градоначалничка бидејќи таа ја немала неговата подршка за изборите.
Состојбата во градот е многу комплексна. Малку вина има во градоначалничката Арсовска, малку вина има во партијата што ја поддржа да стане градоначалничка. Ако партијата или членови на партијата што ја подржуваа и ја финансираа нејзината изборна кампања, тогаш и нивните очекувања од неа се легитимни. Таа направи и уште прави грешки во чекори. Едноставно, Данела не може да се справи со тие кои и помогнале да дојде на местото градоначалничка на Скопје. На пример, тоа нејзиното „рачето во медот“ стана хит. Но, еве, партијата што ја подржуваше излезе од медот и сега – чие раче е во медот?, вели Георгиевски.
Целото интервју тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.