Шефицата на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен својата турнеја задутре ја започнува токму од Македонија, од каде ќе ги испрати првите пораки за посветеноста на ЕУ за европската интеграција на земјите од Западен Балкан и солидарноста во справувањето со енергетската криза.

По средбите во Скопје, фон дер Лајен ќе отпатува во Приштина и Тирана во четврток, Сараево и Белград во петок и Подгорица во сабота. Во Србија се очекува неизбежно претседателката да го повтори барањето на ЕУ Белград да усвои санкции против Русија, а по средбите во среда ќе се знае дали со нејзината “булдожер дипломатија” ќе има нови барања и од Македонија, ако се земе предвид дека фон дер Лајен беше во Македонија и во јули годинава кога не убедуваше дека земјава треба да го промени Уставот, да го прифати т.н. француски предлог,



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.