Последната анкета спроведена во месец март од страна на ИПИС покажува дека расте бројот на испитаници кои сметаат дека треба да има промена на власта.

Имено во изборната единица еден, 64,2% од испитаниците сметаат дека треба да се промени актуелната власт, што е повеќе отколку во февруари и јануари кога процентите биле 62,4 и 59,4%. Од анкетираните во март само 13,3% се изјасниле дека актуелната власт треба да остане, што е намалување во споредба со претходните два месеци кога на истото прашање така одговориле 16,9% и 14,8%.

Во мартовската анкета објавена во емисијата Објектив на МРТ 22,6% одговориле не знам или немам одговор.

Во изборната единица 5 од анкетираните на прашањето “дали според вас треба да се промени актуелната власт?“ во март дека треба да има промени одговориле високи 62,8% ( што е зголемување во однос на претходните месеци кога таков одговор дале 59,7 и 58,8%), додека одговор дека истата власт треба да остане дале 20,6%. Само 16,6% од граѓаните немале одговор или не знаеле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.