Насер Нуредини, кадар на ДУИ си заминува од министерското место во животна средина и просторно планирање, а на негово место доаѓа Каја Шукова од СДСМ, актуелна државна секретарка во Министерството за животна средина, објави „360 степени“.
Шукова би станала министерка за животна средина поради реконструкцијата на Владата и ротацијата на ресори поради влезот на Алијанса за Албанците, па Министерството за животна средина и просторно планирање ќе му припадне на СДСМ.
Шукова во ресорот е од 1998 година во тогашното Министерство за градежништво, урбанизам и животна средина, во 1999 година работи во одделението за екоменаџмент, во 2000 г. е дел од Секторот за меѓународна соработка, истата година доаѓа во Секторот за одржлив развој, а во 2001 година е и негов раководител и на таа позиција останува до 2020 г. Потоа е назначена за државна секретарка. Таа е дипломиран инженер технолог на Технолошко–металуршкиот факултет Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.