Имаше панична реакција на пазарите од почетокот на денот кога почна војната. Меѓутоа она што е интересно е дека според последниве податоци американските берзи се враќаат, односно ги враќаат загубите, а она берза која што остана е европската берза. Значи германската падна за 4%, меѓутоа најголем губитник во овој краток период е руската берза која што избриша 200 милијарди од пазарната вредност на акциите – истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ, во емисија на ТВ21.

Кадиевска Војновиќ додаде дека 8% е депрецијацијата на руската рубља во однос на доларот. И еврото има депрецијација во однос на доларот.

Е, сега прашањето е, ова е краткорочниот брз ефект, цената на нафтата на почетокот на денот се искачи на над 100 долари за барел. Меѓутоа исто последниот податок е дека се нормализира некаде 93-95 долари за барел. Значи ова е иницијалниот првиот удар да кажеме кој што беше повеќе на пазарот на капитал во Русија, и влијаеше нели врз да кажеме руската рубља и тоа значи дека странските банки или населението во Русија повеќе претвораа во други валути – изјави Кадиевска Војновиќ.

Кадиевска Војновиќ посочи дека Македонија пченицата ја увезува од Србија.

Храната како увоз количински најголем дел ни доаѓа од Србија. Надворешна трговска размена со овие две држави значи е мала, меѓутоа би кажала дека не е ни незначајна, сега ако конкретно еве во 2021 година ние сме извезле кон Русија и учествува само со 0.7% од нашиот извоз, а Украина 0.2%. Тоа е малку. Ние увезуваме повеќе од овие две држави особено од Русија, а тоа е во делот на минерални горива, мазива, нафтени деривати. И немаме толку голем ефект на увоз на овие примарни производи како што е пченка, пченица, во делот на храна – појасни Кадиевска Војновиќ.

Кадиевска Војновиќ истакна дека наместо да ги анализираме и немо гледаме состојбите државата до сега требаше да преземе мерки во оваа насока бидејќи ако цените растат на светските берзи секако дека ќе има ефект и во македонската економија.

Ние како држава требаше досега да имаме кризен штаб за стоковите резерви. Еве земете ја Србија и Кина која пред два три месеци ги купи сите вишоци на храна на светскиот пазар, а Србија обезбеди со милиони тони на сол на грашок, грав, пченка. Значи веќе ги обезбедуваше своите стокови резерви – потенцираше Кадиевска Војновиќ.

Таа додаде дека имајќи предвид дека Македонија дека од почетокот на годината има потрошено 170 милиони од дефицитот, Владата до сега требаше да има направено ребаланс како сценарио Б кое би се активирало врз основа на тоа како ќе се развива кризата.

Имајќи предвид дека ние во само 50 дена од оваа година имаме потрошено 170 милиони од дефицитот, односно 31% од дефицитот за оваа година. Јас сметам дека до сега Владата требаше да има еден ребаланс пред себе како сценарио Б – додаде Кадиевска Војновиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.