,Јавноста сеуште го чека текстот на Декларацијата за Илинден најавена од СДС?За потсетување, најавија Декларација во чест на 120 години Илинденско востание.Помина Илинден, ќе помине и Август, ни буква нема, а не пак собраниска седница за Декларација за Илинден од СДС!Почитувани, во меѓувреме, премиер на Бугарија зборува за бугарски карактер на Илинденското востание и на востаниците, како и дека крајната цел на Илинденското востание било присоединување со Бугарија како идеал оставен за иднината и за младината,прашува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.
СДС се сокри со текстот за Декларацијата за Илинден, ниту го објави, ниту го прати до ВМРО-ДПМНЕ барајќи консензус и унисоност за нејзино изгласување во Парламентот, ниту пак до утринава можеше да се најде во собраниските документи објавени на интернет.Оттука уште еднаш прашуваме:Се исплаши ли СДС или доби забрана да се изгласа Декларација за Илинден како македонски столб на државноста?Подвлекувам, беше најавена Декларација по повод 120 години Илинденско востание!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.