Јованчев: Самите решенија кои се предлагаат укажуваат на тоа дека со Владата ќе управуваат ДУИ и Артан Груби, а Ковачевски ќе е слуга на нивните интереси

Македонија 24.02.2023 / 20:00

Пред нас е предлог составот за нова Влада, кадровските решенија за овој владин состав можам да констатирам врз основа на изјавата на довчерашниот министер за правда г. Никола Тупанчески дека е „Пазар 3“ коалиција каде примарен интерес не е напредокот на државата туку бизнис интересите и личните кадровски амбиции, истакна Зоранчо Јованчев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Јованчев додаде дека самите решенија кои се предлагаат укажуваат на тоа дека со Владата ќе управуваат ДУИ, Ахмети и Артан Груби, а Ковачевски ќе е слуга на нивните интереси.

„Овој владин состав по се изгледа дека нема да донесе ниту реформи, ниту напредок, туку криминал, матни тендери, и продлабочување на кризата“, нагласи пратеникот.

Тој посочи дека Социјалдемократскиот сојуз и Ковачевски стануваат малцински партнер во својата Влада само за да им продолжи криминалот тие гласаат се што ќе им предложи Ахмети.

„Доколку пак помине оваа реконструкција, Алијанса за Албанците како партија многу бргу ќе ја дочека својата судбина како Алтернатива. А, Таравари за неколку месеци ќе сфати дека бил злоупотребен и дек трампал тендери за крај на неговата партија и истата негова кариера“, заклучи Јованчев.

Пратеникот укажа дека неспособноста на Социјалдемократскиот сојуз и на Ковачевски резултира со уште една распродажба на македонските национални интереси и исто така се врши предавство на македонскиот народ. Со овој предлог за реконструкција на Влада не значи ништо друго освен тоа дека СДСМ и Ковачевски се силно уценети од нивните поголеми коалициони партнери ДУИ и Али Ахмети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişmarsbahis giriş