Адвокатот Ивица Јевтиќ потврдува дека нема поднесено анкетен лист иако требало да поднесе.
Во изјава за „Локално“ тој објаснува дека од Прифатниот центар за баратели на азил месечно добивал само илјадарка.
Се работи за Управен одбор каде месечниот надоместок е 1.000,00 денари. Доколку ДКСК смета дека било потребно да се поднесе анкетен лист и треба да сносам санкција, ќе ја прифатам. Законот треба да важи за секого, вели Јевтиќ.
Името на адвокатот Јевтиќ се најде во фокусот на јавноста откако ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува кои функционери од СДСМ и ДУИ прикриваат имот. Според најавите од партијата се работи за 123 функционери и имот во вредност преку 30 милиони евра.
Јевтиќ адвокат на партијата СДСМ, а во времето кога СДСМ раководеше со повеќето општини, до локалните избори бил адвокат и на Општина Кисела Вода. Тој е член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. Според информациите што ги објави ВМРО-ДПМНЕ на свое име поседува стан во Скопје, од 2015 година основач е на Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, а во 2020 година ја основа градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје, а исто така е и член на Македонско-бугарската стопанска комора.
Имот крие и адвокатот Ивица Јевтиќ, тој е најпознатиот адвокат на СДС кој ги поднесува фамозните тужби на функционерите на СДС за навреда и клевета. Бројни такви тужби се поднесени од Ивица Јевтиќ. Па дали со негово именување на функцијата му се наплаќаат овие услуги е тема која треба дополнително да се обработи. Патем, адвокатот Ивица Јевтиќ, еден од лицата кои се опфатени со аферата „Тајни имоти“, бил член на надзорниот одбор на СДС, се јавува во голем број судски случаи каде партијата или нејзини истакнати функционери се странка во постапката. Инаку Јевтиќ е член на Управниот одбор на Прифатниот центар за баратели на азил. И тој не го пријавил својот имот, односно нема поднесено анкетен лист и тоа може да се види на веб страната на ДКСК. Но што крие Јевтиќ? Од анализата која ја направивме може да се види дека Јевтиќ на свое име поседува стан во Скопје, од 2015 година основач е на Адвокатското друштво Тошиќ и Јевтиќ, а во 2020 година во месец ноември ја основа градежната компанија ФИЗ Констракшн ДООЕЛ Скопје. Јевтиќ покрај тоа што е адвокат на СДС и тој самиот бил партиски функционер, како член на Надзорниот одбор на партијата.
Јевтиќ е и адвокат на голем број на општини додека СДС беа на власт во локалната самоуправа, како што е примерот со општината Кисела Вода. Воедно, воедно Јевтиќ е член и на Македонско-бугарската стопанска комора.
Бројни функции, високо платени позиции, но анкетниот лист е таен, имотот е таен. Што крие Јевтиќ? Која е причината што еден правник, лице кое треба да е заштитник на правдата е лице кое го крши правото? Дали СДС му ја гарантира неказнивоста и дали има и други имоти, изјави Бране Петрушевски на прес-конференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.