Изворот на сите проблеми со Бугарија е владата на СДСМ која потпиша договор кој и за најголемите бугарски националисти беше победа, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-ВМРО-ДПМНЕ уште во 2017 година кога Заев го спремаше договорот кажа дека тој е асиметричен, со права за Бугарија, а обврски за Македонија. И најголемите бугарски шовинисти не можеа да поверуваат дека Заев и СДСМ како договорна материја ставаат тези кои и тие самите никогаш не ги кажале. Дури и покојниот Божидар Димитров беше фрапиран од Заев, и го сметаше договорот за апсолутна победа на Бугарија. Од тој договор навака сите барања на Бугарија се уште полоши и понегаторски. Тоа што Ковачевски го турка денес е надградено од тоа Заев што го постави пред 5 години, велат од партијата.
Од партијата додаваат дека протоколот и договорот не враќаат назад, а не не водат напред. За да помине се потребни се уставни измени, кои ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи.
-Излез од оваа криза и од понижувањата за Македонија се само предвремени парламентарни избори, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Oва вчера го повтори и лидерот Мицкоски.Тојзборувајќи за можното референдумско прашање Мицкоски рече дека во него треба да биде содржан изворот на проблемот, а тоа е Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година.
За референдумот едната опција е со 44 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, другата се потписите или и двете. Консултациите се уште траат. Повеќе време ќе се посвети во консултации со уставни експерти за референдумското прашање.
Во прашањето ние треба да го локализираме изворот на проблемот, а тоа е договорот со Бугарија од 2017 година. Оттаму потекнуваат сите проблеми, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.