Бугарија ги запира сите меѓудржавни проекти со Македонија се додека не добие докази дека официјално Скопје ги почитува правата на тамошните Бугари. (инструментализација и уцена), напиша Ивор Мицковски на фејсбук профилот.

Истовремено, бугарскиот амбасадор во нашата земја Ангел Ангелов ќе биде вратен во Софија и ќе остане таму се додека, според проценката на бугарските власти, не се случи вистинска промена во нашата држава. (мешање во внатрешни работи)

E Бујар, Бујар, тикво празна, од лигавење еве до каде стигна.

Или ќе почнете да реагирате со иста мерка или кај сме жртва на бугарските махинации, кај виновни испаѓаме.

Погледнете го случајот со Шведска и Финска и уцените на Ердоган за влез во НАТО.

Скандинавците сами прават чекор назад во преговорите, затоа што сфатија дека барањата и притисокот од Турција е неразумен, непријателски и непосакуван.

Ама вие без причата за слугување кон Бугарија и демек ЕУ напредок сте политички мртовци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.