Денес РЕК Битола по којзнае кој пат работи со само еден блок, рече денеска Горан Исков од ВМРО-ДПМНЕ.
Три блока докажавте дека не можете да ставите во функција.
Ама…, увозот ќе се зголеми.
Директорот на РЕК Битола наместо да се заканува може барем да се обиде, иако многу тешко му оди до сега, да обезбеди стабилно производство на електрична енергија.
Основната негова обврска – стабилно производство не електрична енергија за жал сите овие години на владеење на СДС е само мислена именка.
Дегутантно е веќе тоа што го правите, реалноста покажува дека ја навредувате интелигенцијата и на најмалите. По којзнае кој пат ви препорачуваме – Концентрирајте се на работата, а не на политикантството во РЕК Битола и, обезбедете континуирана работа на барем два блока со максимален капацитет.
Сега, да се вратиме кај провизиите.
Останува отворено прашањето :
Дали на повидок е нов огромен одлив на државни пари со задолжителни провизии за енергетските кланови во државата?
Прашањето го базираме на одредени сознанија но и јавната тајна дека со секој увоз на струја, за одредена привилегирана група блиска до криминалната власт следи и задолжителна провизија. (и) Колку увозот е поголем – поголема е и провизијата. Но, само на увезената струја, а не и на домашно произведената. И, што помалку струја произведуваат, логично повеќе увезуваат.
Крајната сметка како и секогаш, ја плаќаме сите ние, ГРАЃАНИТЕ.
На крајот, Ве прашуваме уште, каде по пат го изгубивте трансформаторот потребен за функционирање на третиот блок?
Неспособни сте, со трајни последици по Државата и сите нејзини граѓани.
Одете си!, рече Исков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.