Пртодолжува назначувањето нови директори на скпските клиники. Досега официјално се познати новите директорски имиња на клиниките за Токсикологија, Неврологија и Онкологија и радиотерапија, коишто ќе бидат предводени од Андон Чибишев, Фатмир Меџити и Игор Стојковски, соодветно.

Како што објавува „Фокус“ единствен предлог за директорка на скопската Клиника за Гинекологија, која се уште официјално не е е назначена е доктор Ирена Алексиоска-Папестиев. Таа е член на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ и работи како гинеколог на клиниката.

Алексиоска-Папестиев, ако биде поставена за директорка ќе дојде на местото на доктор Викторија Јовановска, која од доаѓањето на СДСМ на власт во 2017 година раководи со клиниката, речиси седум години. Таа за време на својот мандат успеа да ја намали смртноста на бебињата, која беше алармантна.

Во текот на наредната недела ќе се знаат имињата на сите директори на скопските клиники, иако се очекува според ветувањата во изборната програма Клиничкиот центар повторно да се спои.

Актуелниот министер за здравство, Арбен таравари, досега разреши осум економски директори, кои се водат како вршители на должност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.