Претседателот Стево Пендаровски го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните 12 студенти кои дипломирале на факултетите што негуваат инженерски дисциплини во Македонија.

Оваа година добитници на престижното национално признание се: Ана Јанкуловска, Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Ана Тодорова, Градежен факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Стефани Јосифовска, Машински факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Небојша Левковски, Технолошко металуршки факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Дамјан Петровски, Факултет за земјоделски науки и храна, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Андреј Миловановиќ, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Бисера Доневска, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Наум Димитриески, Факултет за електротехника и информациски технологии, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Блерина Зендели, Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Теодора Петкоска, Природно математички факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Стојче Речаноски, Електротехнички факултет, Универзитет „Гоце Делчев„ – Штип и Марија Стојаноска, Технички факултет, Универзитет „Климент Охридски“ – Битола.

Манифестацијата „Инженерски прстен“ се одржува по 19. пат во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, а под покровителство на претседателот на Република Македонија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.