На Преспа форумот, веднаш по обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, се случи инцидент што се виде и на директниот пренос.
Поради силниот ветер видео бим падна врз модераторката Валбона Зенели која изреагира испаничено, а присутните на форумот трчаа да ѝ помогнат. Сепак се покажа дека нема потреба и дека нема никаква последица, но дебатата времено беше прекината.
Преспа форумот годинава се одржува во Струга, но се покажа дека условите во овој град не се на нивото што го бара собир од ваков тип. Освен што се правеше вештачки зелен амбиент во хотелот „Дрим“ и панелите се одржуваа практично на отворено, некаде и прокиснуваше. Главно градоначалникот на Струга Рамиз Мерко гордо седеше во првиот ред опкружен со меѓународен естаблишмент.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.