Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и претставниците од Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите СОНЦЕ и претставниците од Ромскиот Ресурсен Центар, при посетата на детската градинка “Астибо” во Штип, го поздравија имплементирањето на Проектот за проширување на пристапот и вклучувањето на децата Роми во услугите за ран детски развој и основно образование.

 

Главна цел на проектот е што поголема инклузија на деца Роми во предучилишното образование и истиот ќе се реализира  во Дебар, Тетово и Штип.

 

Во рамките на проектот, предвидени се и работилници со родителите на вклучените деца и персоналот од детските градинки.

 

Проектот е финансиран од Ромскиот образовен фонд и Европската Унија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.