Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница на која на дневен ред, меѓу другите точки, се утврдување на предлог-одлуки за именување на генерален секретар и заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.
Генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова и нејзиниот заменик Бојан Василевски поднеле оставки на своите функции на 1 јули.
Пратениците ќе разгледуваат и барања за остварување на плата по престанок на функцијата министер во Влада.
На седницата на Комисијата на дневен ред се и утврдувања на Предлог-одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, како и утврдување Предлог – одлука за основање на пратенички групи за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.