Оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ е директен виновник за кризата со која што во моментов се соочуваат граѓаните на Република Македонија.

СДСМ и ДУИ како Влада знаеле уште пред 4 месеци дека ќе има ваква криза која произлегува како резултат на други дејствија кои што се случуваат во светот. Информациите ги имале, но сепак одлучиле воопшто да не се интересираат како да допридонесат и помогнат на граѓаните, туку да ги остават граѓаните да тонат во сиромаштија и немаштија.

Е сега, лицемерието на Владата да видиме како изгледа на дело. Од една страна граѓаните кои евидентно имаат сериозен проблем со покачувањата на цените и енергенсите, горивата, струјата, прехранбените производи и слично, а од друга страна е луксузот на Владата предводена од неспособните кадри на партиите на власт.

Владата изминативе месеци, откако знаеле дека ќе има ваква сериозна криза, воопшто не штеделе и биле посветени единствено на луксуз, луксуз кој што само тие ќе го користат преку владините понуди. Потрошиле над 2 милиони евра само на луксуз изминативе неколку месеци откако знаеле дека ќе има криза. Кога велам луксуз мислам на вистински луксуз. Непродуктивни трошења, наместо антикризни мерки. Луксуз наместо штедливост. Расипништво наместо домаќинско трошење и менаџирање на парите.

Па така, од пред Нова година па навака, само за хотелски услуги Владата потрошила, издвоила  11.8 милиони денари. Тоа се скоро 200.000 евра само за хотелски услуги.

Собранието воопшто немаше слух за пораките на граѓаните, па така иако граѓаните им укажуваат да се откажат од мобилните телефони, Собранието за мобилна телефонија и услуги изминативе месеци склучиле договор и потрошиле, издвоиле од буџетот на граѓаните дури 11.8 милиони денари. Тоа се исто како и претходната ставка приближно 200.000 евра. 200.000 евра за стотина луѓе да зборуваат на телефон во ваква криза.

Замислете, во ек на ваква криза, службата за општи заеднички работи троши 2.9 милиони денари на режано цвеќе. Дури 50.000 евра за режано цвеќе. Никој не ни знае како и каде завршило тоа цвеќе. Потоа потрошиле за прибор за јадење 2.3 милиони денари. Приближно 40.000 евра на прибор за јадење. Позлатен прибор за јадење, за Таче и дружината да можат да јадат. Најверојатно се алергични на обичен прибор за јадење, па така морале да земат позлатен за во Владата.

Оваа Влада односно односно службата за општи заеднички работи врвот го достигнува со набавката за кафе. Три милиони денари одвоиле или 50.000 евра за набавка на кафе преку СОЗР само за нивни потреби на оваа Влада. Па замислете во 3 милиони денари, во груба пресметка бидејќи тоа одело на тендер, има набавка за околу 400.000 кафиња. 400.000 дози на кафиња набавила оваа Влада. Секој работен ден во една година во Владата треба да се пијат над 1.700 кафиња дневно. И сега јасно ви е зошто оваа Влада ништо не реализира и ништо не работи? Со ваква набавка на кафиња каде што по 1.700 кафиња на ден треба да пијат, веќе е јасно зошто сме тука каде што сме. Наместо да работат, цел ден пијат кафиња.

Ова се само дел од расипничките трошења изминативе неколку месеци што ги правеле, иако знаеле дека граѓаните и државата ќе се соочат со ваква сериозна економска криза. Ова се само дел од непродуктивните трошења, а наредниве денови граѓаните ќе ги дознаат сите.

Оваа Влада и овој економски тим се срам за Република Македонија, срам за граѓаните на Република Македонија, и се уште едно неспособно поглавје од ерата на СДСМ на власт.

Најмалку што можеа да направат доколку сакаа и доколку поважни им беа граѓаните и државата, наместо да се луксузираат можеа да се откажат од кафињата, да не пијат кафе, можеа да се откажат од златниот прибор и од јадењето од златни лажици и вилушки, и тие пари да ги пренаменат за најранливите категории. Можеа да се откажат Собранието од мобилната телефонија и услуги за стотина луѓе кои што ги плаќаат околу 200.000 евра, и можеа да се откажат од многу други работи изминативе месеци, но само доколку им беа важни граѓаните. Можеа сите тие пари да ги пренаменат за најранливите категории, истите тие најранливи категории кои што ги лажеа дека ќе земаат плата 500 евра по човек, но за жал поважен им е луксузот отколку се останато. До толку се расипничка Влада.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.