Меѓу многуте имиња на правници кои го положија завршниот испит на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) а се роднини на високи функционери во законодавната, извршната или правосудната власт се најде и името на Емрах Михтароски, внук од сестра на актуелниот градоначалник на општина Пласница, Алија Јаоски.
Според ранг листата со конечни резултати од полагањето на испитот објавен од АСЈО, Михтароски се наоѓа на 55 место од 58 кандидати кои го поминале и последниот филтер на академијата. Со вкупна оцена од 7.48 Михтароски го положил последниот тест за проверка на занењата во АСЈО. На писмениот дел од тестот, Михтароски добил оцена 5.50 а на усниот дел бил оценет со 1.98.
На конечната листа на изборот дали некој кандидат ќе биде судија или јавен обвинител, Михтароски се наоѓа на 52 место од 57 кандидати. Од теоретската настава внукот на Јаоски собрал 26.49 поени а за практичната настава добил 20 поени. Заедно со оцената од завршниот испит од 7.48, Михтароски успеал да освои 53.97 поени.
Според правилата тој во иднина ќе биде јавен обвинител во она апелациско подрачје каде што според планот за вработување јавни обвинители ќе има најголема потреба од тоа.
Емрах Михтароски е дипломиран правник. Во ноември 2022 година докторирал на правниот факултет при УКИМ во Скопје на тема „Создавањето на сопственичката структура и положбата на малцинските акционери во корпорациите“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.