Торбешите во земјава бараат да бидат дел од Уставот, со внесувањето на бугарската, хрватската и еврејската заедница. Ова денеска го истакна поранешниот пратеник и член на здружението „Торбешки мост“, Рејхан Дурмиши.
Ние како торбешко здружение имаме и официјално поднесено барање до Владата и сите други релевантни фактори за вметнување на Торбешите на Преамбулата и ги поддржуваме сите намери на сите добронамерни луѓе. Го поддржуваме процесот за промена на Уставот со проширување на Преамбулата и внесување на други етнички заедници. За да оди Македонија напред во ЕУ, мора да има политички консензус по ова прашање и сметаме дека е добро да се случат, но притоа да не наштетат на никој. Најпрвин македонскиот народ да си го заштити идентитетот и јазикот, но да се прошири Преамбулата со другите заедници кои не се дел од Уставот, кажа Дурмиши во емисијата „Студио 10“.
Според него, по сите параметри и критериуми, Торбешите се првите што би требало да влезат во новиот Устав.
Торбешката етничка заедница е трета по бројност во С. Макеоднија, но од разни причини низ времето, бројката се намалувала, што се покажа на последниот попис. Сега е можноста и шансата и за сите други што не се ставени и да се заокружи целата Преамбула, кажа Дурмиши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.