И сопругата на Елмедин Адеми, добитникот на тендерот од 1,8 милиони евра од Министерството за надворешни работи (МНР) е меѓу најголемите донатори на ДУИ, пренесува „Телма“, според чии информации од годишниот извештај за донации на партијата, фирмата „Виаком“ во сопственост на Арбе Адеми минатата година ѝ донирала на ДУИ 1,8 милиони денари, или околу 30 илјади евра.
Градежната фирма „Еуровија“ од Желин и нејзиниот сопственик Ељмедин Адеми се најголеми донатори на ДУИ за 2022 година.
Покрај тендерот од два милиона евра за изградба на полициската станица во Аеродром, оваа фирма доби 1,8 милион евра на тендер за преадаптација на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ заради Самитот на ОБСЕ што треба да се одржи во декември. Тендерот го организираше Министерството за надворешни со кое раководи Бујар Османи, кадар токму на ДУИ.
Антикорупциската уште пред неколку дена најави дека ќе проверува дали има злоупотреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.