Патот кон ЕУ не е лесен и Словенија се соочи со тие процеси, рече словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар, на заедничката прес-конференција со претседателот Пендаровски.

„Да потенцирам Словенија го помина тој процес и не ни беше лесно. И Словенија мораше да го промени Уставот на патот кон ЕУ и тогаш во мојата татковина се слушаше дека тоа не е добро за словенечкиот народ, дека го загубиме словенечкиот јазик, изјави Пирц Мусар, која денеска престојува во официјална посета на Македонија.

Таа изрази надеж дека политичарите во Македонија ќе покажат мудрост и ќе ги спроведат уставните измени, кои се услов за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ и отворање на преговорите.

https://www.youtube.com/watch?v=0Q4cuf-3HJw



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.