Универзитетската Клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално. Во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите, информира за МИА директорката на Клиниката Виолета Клисарова.

За останатите информации поврзани со претресите кај лица кои се сомничат дека се поврзани со случајот Онкологија, Клисарова упати на надлежните институции кои ги водат овие процеси.

Од утринава се вршат петреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со случајот Онкологија. Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.

И од Министерството за здравство информираа дека Универзитетската клиника за онкологија и радиотерапија функционира нормално, во моментов течат редовни прегледи, се дава континуирано терапија и третмани за пациентите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.