Дојавите за бомби го девалвираат образованието, психолошки ги уништуваат и децата и родителите, го пореметуваат целиот систем на образование, на функционирање на општеството, смета Бојан Христовски, поранешен директор на Градски паркинг.

Во моментов би истакнал нешто што не руши како општество, трае со месеци, тоа се бомбите или лажните дојави за бомби кои што не се само безбедносна закана туку се општествена закана, нешто кое што ни го девалвира нашето образование, психолошки ги уништува и децата и родителите, го пореметува целиот систем на образование, на функционирање на општеството, вели Христовски.

Христовски укажа дека МВР, АНБ, АЕК како и Агенција за разузнавање се одговорни за овој проблем.

Замислете имаме Министерство за внатрешни работи вработено со преку 10.000 вработени, имаме Агенција за национална безбедност која и те како е одговорна за овој дел на проблемот. Потоа Агенција за електронски комуникации, Агенција за разузнавање бидејќи како што кажуваат заканите доаѓале од надвор и тие се тие кои што се можеби така прилично надлежни за овој проблем. Тоа се илјадници, илјадници вработени луѓе кај што не би обвинил нив, туку јас лично би го вперил прстот во раководството на овие институции кои ние како обични граѓани не би требало да не интересира како ќе ги фатат тие што тоа го прават. Ние сакаме само тие да бидат откриени и ова да престане, додаде Христовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.