Денес зборуваме односно продолжуваме по точката за разрешување на членови на Влада. И најпрво што сакам да прашам е какво очекување имаше Владата минатата година кога Алтернатива им излезе во пресрет и ги спаси од предвремени избори. Дали навистина очекуваа со министрите кои тие ги понудија ќе се поправи ситуацијата во министерствата кои им ги дадоа да ги предводат или пак едноставно ги искористија само за да им се зголеми мнозинството и да можат што подолго да владеат? Сигурно не првото. Единствена цел тогаш, а и сега на оваа власт е да си го пролонгира рокот на траење и да може што подолго да разграбува од државата за лични и партиски интереси, истакна Даниела Христова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.

Христова додаде дека можеби колегите од Алтернатива ги сфатија намерите на власта и затоа сега незадоволни од бруталното однесување на власта излегуваат од Влада и ќе дејствуваат како опозиција.

На оваа седница неславно ќе треба да завршат мандатите на тројцата министри и тројцата заменици министри од Алтернатива кои не стигнаа да си дадат оставки туку експресно или како што вели претседателот на оваа партија брутално беа исфрлени од Влада. Прв на листата за разрешување е министерот за здравство Беким Сали кој рака на срце не дека беше одличен министер, ама сега наредниот контраверзниот анонимус кој го предлагаат е поврзан со низа афери, во никој случај нема да го подобри здравствениот систем во Република Македонија, кој е тотално уништен, девастиран уште од времето на Филипче – заклучи Христова.

Таа посочи дека неспособноста на владата граѓаните ја плаќаат не само финансиски туку за жал и со своите животи.

Промената на министерот нема да донесе промени во здравствениот систем, овде се потребни многу поголеми промени – нагласи пратеничката.

Христова рече дека „Пазар 3“ Влада првин предводена од Зоран Заев, а сега и од Димитар Ковачевски ја доведоа државата до пропаст на економски план, пропаст на здравствениот систем, пропаст на образовниот процес итн.

Сите овие години имаме неуспешна Влада во која имињата на членовите се менуваат, но погрешните политики остануваат исти. А, остануваат исти и нивните приоритети, удобните фотелји за кои со петни жили се борат да си ги задржат за да можат повеќе да грабаат и да ги задоволуваат своите лични и партиски апетити – нагласи Христова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.