Моментално живее во држава во која имаме економски крах и секој нов ден сме во исчекување со каков скандал ќе се поврзе некој од власта, вели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Христова Даниела на денешната собраниска седница.

Христовска истакна дека владата не работи на реформи споменувајќи ги анкетите во кои е искажана големата недоверба и незадоволство од страна на граѓаните кон власта.

Еднаш треба да излезат од матрицата на минатото и да се свестат дека не е ВМРО-ДПМНЕ како партија виновна што нема лекарства за пациентите, не сме ние виновни што децата се уште немаат учебници. Ниту сме виновни што земјоделците и сточарите се назадоволни од ниските откупни цени и неисплатата на субвенциите. Но, многу полесно е да ја префрлиш вината на друг отколку сам да си признаеш дека едноставно не те бива. А зошто не ги бива? Затоа што гледаат за сопствените интереси. Затоа и сите релевантни истражувања зборуваат едно исто – рече таа.

8 од 10 граѓани или 80 проценти се убедени дека политичарите од власта при трошење на јавни пари се водат од лични и партиски интереси, а само 7 проценти веруваат дека работат во интерес на граѓаните, додаде таа.

Христова рече дека висок процент од граѓаните не веруваат во правосудството, како и во владата предводена од Димитар Ковачевски.

97 проценти од граѓаните не веруваат во судството затоа што е целосно партизирано од кадри на СДС и ДУИ. 70 проценти од граѓаните не веруваат во владата на Македонија предводена од Ковачевски – потенцираше таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.