Ханиф Зендели е избран за нов заменик претседател на Судскиот Совет. По предлог на членот Ивица Николовски, на денешната 444-та седница на Судскиот совет, со девет гласа „за“ и еден „против“, Зендели беше избран за нов заменик претседател на местото од Селим Адеми.
Сигурно дека ќе се трудам максимално да дадам придонес да ги подобриме сите состојби. Јас мислам дека бев дел од тоа дека сакав и сакам работите да одат така како што личи на една највисока институција во државата, тоа е судски совет, изјави Зендели.
Другите членови на Советот посакаа успешна работа на новиот заменик претседател.
На денешната седница, Судскиот совет констатираше и престанок на мандатот на членовите Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски по нивните поднесени оставки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.