Извештајот од извршената контрола врз вишото јавно обвинителство стигна во јавноста пред да биде испратен во институцијата која била предмет на контрола, обвинува шефот на вишото обвинителство, Мустафа Хајрулахи.
Според него, целта на ваквата постапка е да се оцрни тој како обвинител и институцијата која ја води. Хајрулахи вели дека поседува информациите и видео од предавањето на документите, кои претходно ги достави и до Канал 5, а ги добил од свиркач. Тоа лице, како што вели, му посочило дека тие биле предадени од страна на член на семејство на високопозициониран јавен обвинител на друго лице кое не е од обвинителската фела.
-Денеска ќе ви доставам ЦД со видео материјали на кое се гледа како еден женски лик на друг женски лик дава папка со информации кои што потекнуваат од Јавното обвинителство. Не препознавам никого на видеото, но од свиркачот ми е кажано дека станува збор за член на семејството на еден високо-позициониран Јавен обвинител, за кој Јавен обвинител станува збор? Не смеам да кажам, тоа истражните органи ќе го докажат, вели Мустафа Хајрулахи за Канал 5.
Харјлухаи посочи дека материјалите ќе ги достави до надлежните институции од кои очекува да го расчистат случајот, со цел да биде заштитена институцијата и тој како шеф на вишото обвинителство.
Секако ќе ги доставам до МВР, нека си поведе постапка, нека работи до сличајот, и истото да биде доставено и до ОЈО со цел да се види лицето кое ги дава материјалите, од каде му се истите,вели Хајрулахи.
Хајрулахи во изминатиот период беше присутен во јавноста откако јавно го обвини шефот на Републичкото јавно обвинителство Љупчо Коцевски дека вршел директен притисок врз него, во насока да биде внимателен каква одлука ќе донесе за предметот со бонусите на СЈО и во истиот да не се дава својство на оштетен на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Поради тоа Хајрулахи смета дека извшрената контрола во вишото обвинителство е производ на организирана хајка и притисок врз него.
Коцевски од друга страна категорично демантираше дека вршел притисок, а што се однесува до контролите кажа дека тие се редовни и се вршат и во останатите јавни обвинителства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.