Само тие двајца, маж и жена, кои пеат на уво на Али Амети, имаат храброст да извршат насилство врз членовите на Ансамблот за песни и игри, како и кон студентите на Музичката академија, вака професорот Џевдет Хајдерини на Фејсбук ги коментира актуелните случувања во Ансаблот за песни и игри, откако 34 вработени останаа без работа.
На отпуштените работници им беа раскинати петгодишните договори.
-Бараме заложба од Министерството за култура и финансии како и од Владата, за што поскоро да се вратиме на работа и ние како уметници да не бидеме принудени да шетаме по улиците протестирајќи пред надлежните институции. Ја повикуваме актуелната политика да не биде рамнодушна кон нашиот проблем- рече Вулнет Незири.
Повеќе од една недела овие уметници се без работа, додека според нивниот директор Шкодран Толај тоа не можело да се спречи бидејќи новата Влада не дозволила да се отворат конкурси. Уметниците пак велат дека имале различни притисоци и од директорот Шкодран Толај.
Се јави ВЛЕН со соопштение посочувајќи дека „ДУИ и нејзините сателити постојано ја понижуваат албанската култура, а најновиот пример за ова понижување е Ансамблот на албански песни и ора во Македонија со директорот на оваа институција, Шкодран Толај, кој како единствено достигнување во својата кариера има фактот дека е личен пејач на Али Ахмети“.
-Сведоштвата на вработените во Ансамблот на албански песни и ора се скандалозни и ужасни. Коалицијата ВЛЕН го поздравува храброста и одважноста на овие вработени кои јавно ги открија „гревовите” на пејачот на Али Ахмети, Шкодран Толај. Оваа личност, наместо да се занимава со напредокот на културата, се занимавал со се’ друго освен со својата примарна должност, што е емблематично за партијата која ја водеше владата веќе 22 години со непрофесионални кадри. Наместо да го реши статусот на вработените, тој избра да ги остави во неизвесност и да ги деградира, покажувајќи ароганција и недостиг на одговорност, информираат од партијата и додаваат:
-Коалицијата ВЛЕН, како дел од владата, остро ги осудува постапките на директорот на Ансамблот на албански песни и ора, Шкодран Толај. Тој имаше можност да го реши статусот на уметниците, но одлучи да го следи истиот пат на неспособност и негрижа како и секоја друга институција управувана од ДУИ и нејзините сателити. Ги повикуваме и јавниот обвинител да влезе во оваа институција и да испита дали има уште поголеми злоупотреби во неговото работење. ДУИ и нејзините сателити ја покажаа својата неспособност за управување со јавните институции и за служење на граѓаните. Освен за криминал и корупција, тие не покажаа вештини во ниедна друга област, донесувајќи голема штета на нашето општество, информираат од ВЛЕН.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.