Од ГРОМ информираат дека нема да учествуваат во работната група за уставните измени, по редовната седница на Извршниот Одбор, одржана на 10.04.2023 година, на која била разгледа поканата од Министерството за Правда за учеството во работната група за уставни измени.
„По опсежната дискусија во која учествуваа речиси сите членови на Извршниот Одбор ставот на ГРОМ е да не учествува во работата на оваа
група затоа што нема потреба од уставни промени. Овој став произлегува од корелацијата меѓу македонскиот и бугарскиот устав каде македонското национално малцинство нема никакви права загарантирани со устав. Ако за над 200.000 Македонци во Бугарија нема место во нивниот устав зошто би требало да има место во македонскиот устав за само 3.400 самоосознаени Бугари“, велат од оваа партија.
Додаваат дека не учеството во работната група и отфрлањето на потребата од промена на уставот заради лечење на фустрациите на минорна бугарска група во Македонија е единствен логичен заклучок.
„Народ кој не ни го признава јазикот и нацијата нема ниту морално право да бара асиметричност во нашиот устав, зошто да потсетиме на Македонците во Бугарија не им е дозволено ниту здружение да имаат иако посебноста на македонскиот народ е потврдена со 17 меѓународни пресуди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.