Вицепремиерката Славица Грковска посочи дека ќе мора да се интервенира не само во правилниците и подзаконските акти туку во, одредени случаи, и во самите закони, за да не се случи во иднина да имаме „прилично интересни резултати“ при изборите за шеф на ОЈО ГОКК.
Како една од клучните измени што треба да се направат е при изборот да се воведе цензус, односно праг на излезеност на изборите, под кој тие бие се сметале за неважечки.
Како што е сега, рече Грковска, во иднина ќе може да се случи на избори да излезе само еден кандидиран, да гласа за себе и да биде избран.
Не може да има генерални услови и за обвинителството за организирана криминал. Таму треба да бидат обвинители со искуство, кои имаат веќе рекорд на успешни случаи од областа на организиран криминал и корупција, во смисла на тоа дека треба да се фокусираме кон правилници и подзаконски акти, меѓутоа и закони како што е тој за Судскиот совет и на Советот на обвинители кои што можат да се изменат со просто мнозинство, а има начини како се подобрат решенијата во постојните закони, а кои што предизвикуваат слабости во функционирањето. За двотретинските закони во кои е практично дефиниран условот за избор на Јавен обвинител за тоа ќе треба политичка волја и зрелост и од опозицијата заради тоа што знаете какви беа реакциите (за изборот на Ислам Абази н.з.) од законски аспект – изборот е во ред меѓутоа без немање цензус без немање други услови при избор ние ќе можеме да се соочиме во иднина без разлика на можноста на обвинителите на непосредни избори да одлучуваат кој ќе го води тоа обвинителство да имаме прилично интересни избори во иднина. Може да се случи само тој што е кандидиран да излезе да гласа за себе и да биде избран, рече Грковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.