Денеска, заменичката на претседателот на Владата на Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска имаше проштална средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн.
Во оваа пригода, вицепремиерката Грковска ѝ се заблагодари на амбасадорката Холштајн за успешната соработка за време на нејзиниот мандат во Македонија, како и за дадената поддршка на патот кон НАТО и Европската Унија.
Полноправното членство во Европската Унија останува стратешка цел за Република Македонија. Имајќи го ова предвид, клучниот приоритет е реализација на ефикасни реформи кои ќе значат економска интеграција, консолидација на законодавството и институциите и владеење на правото. Македонија останува на определбата да гради добрососедски односи и регионална соработка.
Воедно вицепремиерката Грковска на амбасадорката Холштајн ѝ посака среќа во понатамошното работење во дипломатската кариера, уверена дека Германија ќе остане да биде силен поддржувач на нашата земја на патот кон Европската Унија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.