Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел официјално го номинираше грчкиот дипломат Михалис Рокас за нов амбасадор на Европската Унија во Македонија.
Рокас во моментов е амбасадор на ЕУ и шеф на Делегацијата на Унијата во Малезија, должност на која се наоѓа од декември 2020 година. Претходно, Рокас бил вршител на работите на ЕУ и шеф на Делегацијата во Нов Зеланд, а потоа и раководител на Одделот за поддршка на делегациите при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).
Тој е роден во во Атина, Грција, има диплома по економија и постдипломски студии по европска економија и 26-годишно искуство во областа на надворешните работи.
Во рамките на редовната дипломатска ротација Борел вкупно номинираше 44 нови шефови на делегации и канцеларии и вршители на работите на ЕУ ширум светот.
Како што соопшти ЕЕАС, процесот на назначување на номинираните амбасадори ќе биде формализиран по добивањето на официјалното одобрение (агремент) од страна на земјите домаќини.
Меѓу другите новоименувани евроамбасадори се и Лујџи Сорека во Босна и Херцеговина, Аиво Орав во Косово, Ханс Томас Осовски во Турција, Јохан Сатлер во Црна Гора и Мирослав Лајчак во Швајцарија.
Именувани се 11 нови заменици шефови на Делегации на ЕУ, а актуелниот главен советник за надворешна политика на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, Сajмон Мордjу е назначен за заменик генерален секретар за економски и глобални прашања во ЕЕАС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.