Македонскиот народ собра речиси 10 милиони денари (162.100 евра) помош за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија, соопшти денеска Црвениот крст на Македонија. Според Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити граѓаните и овој пат на дело ја покажале својата хуманост и солидарност.
Заклучно со 7 февруари преку донаторските телефонските линии се собрани вкупно 3.363.800 денари, а во Фондот на солидарност на Црвен крст се уплатени 6.467.192 денари, или вкупно 9.830.992 денари. Исто така, Црвениот крст од своите стокови резерви издвои 1.000 семејни пакети со храна, 1.500 хигиенски пакети и 4.000 ќебиња“, информираше Саити.
Собраните пари ќе бидат префрлени на Турската Црвена полумесечина и Сириската Арапска Црвена полумесечина. Од Црвениот крст и Амбасадата на Република Турција денеска апелираа граѓаните и компаниите да донираат финансиски средства, а не материјални добра бидејќи, како што велат, царинските ограничувања не овозможуваат дотур на таква хуманитарна помош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.