Во сабота, на 16 септември, со почеток во 11 часот во МКЦ ќе се одржи голем и уникатен настан под мотото „ДЕН НА ХУМАНОСТА – од срце за Леонид Индов “ во кој учество земаат преку 40 здруженија, фондации, компании и останати субјекти.

Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ е силен поддржувач и партнер на граѓанскиот сектор, а дел од нашата мисија е токму учеството и поддршката на активности од хуманитарен карактер.

Веруваме дека малите акции на добрина можат да направат големи промени во животот на луѓето.
Од таа причина, Градскиот Комитет Скопје целосно ќе го поддржи овој хуманитарен настан и ќе земе директно и активно учество во истиот.

Заедно можеме да направиме големи промени. Приклучете се, велат од Градскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.