Проблемите и подигањето на тензии околу реконструкцијата и уредувањето на дворот на црквата Св. Петка во Галате ги предизвикаа луѓе од соседните општини, рече првиот човек на општина Врапчиште, Исен Шабани, карактеризирајќи ги како криминална група, пренсува „Слободен печат“.
Оценката на градоначалникот Шабани доаѓа по случувањата изминативе два дена со полициска акција за приведување, протест, реакции и негодувања по социјалните мрежи во врска со случајот.
Градоначалникот Шабани кажа дека имал средба со секретарот на Тетовско-гостиварската епархија и од него добил информација дека лицата кои работеле околу црквата не се дел од селскиот црковен одбор на Галате.
– Зад овој чин стои некоја друга група граѓани кои го направиле овој криминален акт. На оваа криминална група им порачувам, за секој проблем, потреба, да се обратат на легален начин, бидејќи во овој случај тие извршија узурпација и демолирање на местото, рече Шабани.
Тој посочи дека во општината со која раководи, владеат соработка и соживот, а на тие што се обидуваат да внесат раскол и меѓуетнички тензии, тоа да го прават во општините од кои потекнуваат, нагласувајќи ги соседните Тетово и Гостивар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.