Орце Ѓорѓиевски во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, истакна дека изминатите 7 години нема никаков напредок ниту реформи во државата.
„Сметам дека од ден на ден покрај кај целокупното население во Македонија се јавува на највисок можен степен свесноста дека практично сме заглавени изминатите 7 години и нема напредок, реформи нема придвижување кон подобро во ниту еден аспект од делувањето на оваа власт, и освен населението и политичките партии го искажуваат својот став и како ќе се приближуваме кон предизборието така ќе се окрупнува опозицискиот блок“, нагласи тој
Ѓорѓиевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ има сериозен коалиционен капацитет а власта изминатите години соочена со нискиот рејтинг од анкетите се обидува да протне теза која што е тотално погрешна.
„Тоа дека ВМРО-ДПМНЕ нема коалиционен капитал е апсолутно погрешна теза. Мислам дека и самите сте свесни во однос на ова предизборие дека се лажете за истото, што се однесува на тој европски фронт соочени со анкетите, знаејќи какво е расположението кај граѓаните, знаејќи што направивте изминатите неколку години под превезот на европските заложби ваши практично продавате една приказна пред граѓаните а во пракса не реализирате ништо,и знаете дека неделно имате по 10-тина афери и трагедија е да не се спомне тоа“, кажа тој.
Ѓорѓиевски додаде дека дури двајца од коалициските партнери на власта, јавно ја критикува владата на СДС и ДУИ.
„Двајца од вашите коалициони партнери јавно ве критикуваат едниот е Стојанче Ангелов а вториот е Павле Трајанов кој што сега се жестоки критичари на вашите политики“, рече Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.