„Процесот на европска интеграција се заснова на заслуги. Албанија дојде до точка каде што земјите-членки се задоволни од напредокот на земјата. Ако и Македонија ги исполни условите, ќе започне преговори“, изјавил денеска шефот на делегацијата на ЕУ во Албанија, Силвио Гонзато.
„Тирана станува регионален главен град. Според мене, го зазема местото на Белград. Што да кажеме за албанскиот премиер Еди Рама – тој секако е човек со визија“, рекол Гонзато.
„За разлика од другите земји во регионот, Албанија нема план Б на Европската унија. Желбата за евроинтеграции е на сите партии“, потенцирал евроамбасадорот.
Гонзато одговорил дека проектот Коридор 8 е врвен приоритет на ЕУ во регионот.
„Од инфраструктурата (од бугарското Црно Море до албанското пристаниште Драч) има голема придобивка и за економијата и за безбедноста, како дел од стратегијата на НАТО“, додал тој.
Дипломатот информирал голем напредок во албанската државна администрација и соработката со Брисел и повикал на продолжување на борбата против корупцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.